Новиот Nissan Interstar нуди електрични и дизел опции – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Nissan Interstar нуди електрични и дизел опции

Целосно новиот Interstar-e има пакет батерии од 87 kWh со чија помош може да извози до 460 километри.

Предвидено да се појави на пазарот во Европа подоцна оваа година, редизајнираното комбе носи смел нов изглед благодарение на широката решетка и модерните светлосни едеиници. Иако комбето има класична форма, од Nissan тврдат дека моделот има водечка аеродинамика во класата и намалување на отпорот за 20%. Од компанијата исто така изјавија дека можеме да очекуваме капацитет на влечење до 2500 килограми и носивост од речиси 2 тона за варијантите со внатрешно согорување.

Ентериерот изгледа практично идентично со оној кај францускиот роднина – Renault Master. Може да се примети новиот волан, дополнителните метални акценти и грејачите на ветробранското стакло и седиштата.

Големата вест е претставувањето на целосно електричниот Interstar-e, кој располага со пакет батерии од 87 kWh и опсег на возење до 460 километри. Кога батеријата е празна, комбето може да добие возење до 252 км со брзо полнење од 30 минути. Бидејќи Interstar-e е дизајниран за градско возење, компанијата ќе понуди и помала батерија од 40 kWh, а со тоа и опсегот ќе се намали на приближно 200 километри.

Покрај електричнаа варијанта, Nissan ќе понуди и 2-литарски турбодизел мотор поврзан со деветстепен автоматски менувач. Покрај стандардните системи, моделот ќе има мноштво додатоци за помош на возачот, вклучувајќи итно сопирање, предупредување за поспаност, помош при нишање на приколката и систем за следење на притисокот во гумите.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!