Silence S04 е електрично „нано” возило – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Silence S04 е електрично „нано” возило

Минијатурниот двосед S04 е наменет исклучиво за градско возење и може да помине до 150 километри со едно полнење.

Технички, возилото се регистрира како четирицикл наместо автомобил, а неговата цел е да биде идеален транспорт во урбаните средини. Од Silence велат дека возилото има „компактен дизајн“ што секако е точно со оглед на должината од само 2,28 метри, ширината од 1,29 метри и висината од 1,57 метри. Тоа го прави пократок по должина и потесен од веќе малиот Citroen Ami.

Во кабината има место за двајца (поставеноста на возачот е малку понапред од патникот) и багажник од 247 литри – дури 65 литри повеќе од Fiat 500. Од технолошки аспект, возилото поседува 7-инчен дигитален екран, клима уред, влез без клуч, електрично придвижувани прозорци и поврзување преку bluetooth.

S04 има два електрични мотори кои произведуваат 30 коњски сили и две батерии од 5,6 kWh со систем за претходно загревање за употреба во зимски услови. Исто така, има регенеративно сопирање и што е најважно доаѓа со максимален опсег на возење до 150 километри, што е дупло повеќе од конкурентниот Citroen Ami. Silence S04 е дизајниран, конструиран и изграден во Шпанија и доаѓа и со тригодишна гаранција.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!