Новиот Mini Cooper добива турбо-бензинци! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Mini Cooper добива турбо-бензинци!

Покрај електричните опции, стилскиот хечбек од следната година ќе добие мотори со внатрешно согорување со три и четири цилиндри.

Основниот модел Cooper C  добива 1.5-литарски трицилиндерски мотор со турбополнач и 154 коњски сили, додека поспортскиот Cooper S има поголем турбополнач и мотор од 2 литри со четири цилиндри и моќност од 204 коњски сили. За подобри перформанси ќе мора да почекаме на верзијата John Cooper Works за која сè уште нема официјална најава.

Внатрешноста го добива истиот 9.4-инчен OLED инфозабававен систем од електричните модели со пропратните физички контроли. Тука се електричната рачна сопирачка, менувачот на брзини, копчето старт/стоп и копчето за јачина на звук, сето тоа лоцирано под познатиот кружен дисплеј.

Mini има намера да лансира и кабриолет верзија на најновиот Cooper, заедно со попрактичен хечбек со пет врати. Ова ќе биде последниот бран на модели со мотори со внатрешно согорување пред BMW групацијата комплетно да ја укине понудата. Новите Cooper C и Cooper S ќе се произведуваат во Оксфорд, Велика Британија, за разлика од електричните Cooper E и SE кои моментално се прават во Кина.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!