Стартува со работа првиот македонски салон за автомобилите на Tesla – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Стартува со работа првиот македонски салон за автомобилите на Tesla

Компанијата eAuto денес официјално го отвори првиот македонски салон за автомобилите на Tesla.

Поставен во рамките на спортскиот аеродром Стенковец, салонот на eAuto ќе биде продажен салон за автомобилите на Tesla и ќе работи кон сè помасовното прифаќање на електричните возила во Македонија. Од компанијата најавуваат и поставување на мрежа на брзи полначи и тоа на 15-тина точки низ државата.

На отворањето беа изложени и постари модели на Tesla, но и Model Y и неодамна освежената Tesla Model 3. Најавено е дека ќе бидат достапни сите модели на брендот (освен Cybertruck). Секако, највеќе внимание ни привлече новиот, редизајниран Model 3. Интересни се и цените – Tesla Model 3 во Standard Range изведба и погон на задните тркала чини 55.000 Евра, додека еквивалентниот Model Y чини 56.000 Евра. Model 3 во оваа конфигурација може да помине до 513 километри со полни батерии според WLTP мерењата.

Секое освежување на пазарот е добредојдено, особено кога станува збор за бренд кој навистина „ја поремети“ автомобилската индустрија. Им посакуваме среќа во работата!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.