ПРЕМИЕРА: Официјално претставена новата Lancia Ypsilon! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Официјално претставена новата Lancia Ypsilon!

Новото италијанско супермини е покажано во електричната ексклузивна верзија Cassina, од која ќе бидат изработени 1906 примероци во чест на годината на основање на брендот.

Со првиот електричен Ypsilon започна долгоочекуваната ренесанса на малку подзаборавениот бренд Lancia. По многубројните протекувања и тизери, официјално е претставена целосно новата Lancia Ypsilon – пред јавното деби кое ќе се одржи во Милано на 14ти Февруари.

Служејќи како прв сериски модел на новиот стилски јазик на Lancia, Ypsilon ја вклучува осветлената верзија на маската „Calice“ и тркалезните задни светла инспирирани од рели иконата Stratos. Сепак, познатите пропорции, заедничките капачиња на ретровизорите и стаклените делови го издаваат фактот дека Ypsilon е италијанскиот роднина на два други модели од сегментот во гамата на Stellantis – Peugeot 208 и Opel Corsa. Но тоа не никаква критка – напротив, одличната платформа и електричниот погон е веќе докажан, а 208 и Corsa се покажаа навистина успешни на пазарот.

Во внатрешноста, голем акцент е даден на висококвалитетните материјали и уникатните карактеристики на дизајнот, со кои кабината треба да наликува на италијанска дневна соба. Ова чувство е нагласено благодарение на соработката со Cassina, италијанскиот бренд за мебел од висока класа. Новиот Ypsilon исто така е првиот модел што го претстави инфозабавниот систем SALA, кој ќе го гледаме понатаму во претстојните модели на брендот.

Lancia не ги откри техничките спецификации на новиот Ypsilon освен опсегот на возење, кој според WLTP изнесува 403 км. Претпоставуваме дека ќе се користи батерискиот пакет на Stellantis од 54 kWh кој се вградува кај останатите модели со слична големина. Електричниот хечбек ќе биде проследен со хибридна верзија, која се очекува да го наследи благиот хибриден турбо-мотор од 1.2 литри со три цилиндри.

По соодветното деби на 14 Февруари, Lancia Ypsilon Limited Edition Cassina веднаш ќе биде отворена за нарачки.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!