Следејќи ја освежената серија 4, BMW направи надградби и на супер-спортските купе и кабриолет М варијанти.
Покрај промените што се фокусирани на екстериерот и ентериерот, кабриолетот и купето M4 Competition xDrive ќе добијат 20 дополнителни коњски сили со што бројката ќе се искачи до 530. Варијантата со погон на задните тркала останува на 510 коњски сили, додека „основната Ем-Четворка“ продолжува со 480 коњски сили и шест-степен мануелен менувач.
Промените однадвор се минимални. Напред има редизајнирани фарови а во задниот дел има нови светла кои користат Laserlight ласерска технологија. Од позади, заоблените продолжетоци на браниците се сега делумно офарбани со сјајно црна боја.
Во внатрешноста, воланот со рамно дно е редизајниран и е достапен во завршница со алакантра. Заоблениот 12,3-инчен дисплеј со инструменти и 14,9-инчниот инфозабавен екран поставен во центарот на контролната табла се тука како и претходно и сега работат на новиот iDrive 8.5 оперативен систем. Од останатите промени може да се спомне опционалниот тапацир на контролната табла направен од синтетичка кожа Sensatec.
Освежените BMW M4 модели ќе бидат достапни за нарачка од оваа пролет.