ARB го претвори Isuzu D-Max во врвен кампер – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ARB го претвори Isuzu D-Max во врвен кампер

Истакнатата австралиска компанија претстави пакет додатоци за пикапот со кои дополнително се зголемува привлечноста на Isuzu D-Max.

Додатоците на ARB започнуваат со различни шатори на покривот, како Esperance со тврда обвивка и скала, разноврсниот Flinders и покривниот Simpson III со скала. Сите овие покривни шатори можат беспрекорно да се интегрираат со популарниот кров ARB Ascent Hardtop Gullwing Canopy кој сега се нуди како официјален додаток за D-Max.

Од останатите додатоци кои му помагаат на D-Max да се трансформира во врвен теренски кампер посебно се издвојува Slide Kitchen, во кој се вклучени кујнски елементи со плинска плоча, мијалник, фрижидер како и простор за складирање.

ARB исто така разви додатоци за да им помогне на сопствениците лесно да стигнат до најтешко достапните места. Тука спаѓа комплетот за монтирање Base Rack & Cab кој што е дизајниран за носење дополнителна опрема како и ARB Recovery Kit Weekender кој вклучува ремен што држи тежина до 4,75 тони.

„Нашето партнерство со ARB ги надмина очекувањата“, изјави Стив Пејџ, координатор за продажба и маркетинг на додатоци во Isuzu UK. „Обезбедените додатоци се покажаа дека имаат највисок квалитет, а сопствениците на Isuzu D-Max ја прифатија разновидноста што истите ја носат во нивните авантури на отворено.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!