Honda објави први фотографии од освежениот Honda Civic – и иако фотографиите се од Civic наменет за северноамериканскиот пазар, очекуваме истите измени да ги добие и Civic во Европа.
Веднаш забележуваме дискретно изменет преден дел со помускулес преден браник, како и поголема предна решетка и поголем отвор за воздух. Препознаваме и нови декоративни елементи околу предните светла. На задниот дел препознаваме дискретно изменети задни светла, додека профилот добива нови странични прагови и како и нови тркала.
Honda кажува дека Civic ќе добие нови опции и функционалности. Што точно значи тоа, можеме само да погодуваме – но претпоставуваме дека ќе добие надграден инфозабавен систем како и нови технологии за асистенција во возењето. Секако, со освежувањето ќе пристигне и нов Civic Type R кој очекуваме да претрпи слични дискретни измени.