Протекоа фотографии од освежениот Volkswagen Golf – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Протекоа фотографии од освежениот Volkswagen Golf

Протекоа фотографии од освежениот Golf па можеме пред време да откриеме детали за фејслифтираниот германски хечбек.

Фотографиите кои осамнаа на интернет на инстаграм-профилот на Wilco Blok се од Golf R-Line, спортскиот Golf GTI и плаг-ин хибридниот Golf GTE. Забележуваме редизајнирани предни светла и нови браници, како и дискретно редизајниран заден браник и задни светла со освежена графика. Поважните новитети ги очекуваме во кабината, за која веќе знаеме дека добива нов, надграден мултимедијален систем како и нов управувач со физички копчиња.

Уште еден новитет кој го забележуваме на екстериерот се преместените GTI и GTE ознаки кои веќе не се на предните крила кај GTI (и воопшто ги немаше кај GTE) туку сега се на предните врати, под страничните ретровизори.

Според некои гласини, Golf GTI и Golf GTE ќе добијат и за нијанса зголемена моќност – односно сега ќе имаат по 265 коњски сили. Немаме информации околу останатите погонски единици, но очекуваме Golf да ја задржи истата гама на турбо-бензински и турбодизел мотори, како и неколкуте хибридни варијанти кои се нудат.

Инаку, Volkswagen веќе објави детали околу новиот Golf на овогодинешниот CES и ја најави официјалната премиера – но по сè изгледа ќе мора малку да ја забрза, со оглед на протечените фотографии. Повеќе информации очекуваме наскоро!

Извор: Wilco Blok



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.