Jeep го најавува Wagoneer S – ќе има 600 коњски сили и ќе забрзува „до стотка“ за 3.5 секунди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jeep го најавува Wagoneer S – ќе има 600 коњски сили и ќе забрзува „до стотка“ за 3.5 секунди!

Wagoneer S ќе биде првиот глобален целосно-електричен модел на Jeep – и ќе напаѓа со силни аргументи!

Jeep го најавува целосно-електричниот Wagoneer S. Според информациите кои пристигнаа од Jeep, големиот електричен SUV ќе пристигне во продажните салони во САД наесен годинава, а понатаму ќе пристигне и на други пазари ширум светот.

Wagoneer S ќе биде целосно-електричен и ќе доаѓа со напреден 4xe погон на сите четири тркала – и навистина, дали би очекувале нешто поинаку од легендарен бренд како Jeep? Најавуваат дека „технологиите ќе бидат фокусирани на брендот“ и ветуваат врвни перформанси – како на пример спринт до 100 километри на час за само 3.5 секунди благодарение на моќните електромотори кои ќе испорачуваат вкупно 600 коњски сили. Најавуват и исклучителна аеродинамичност, како и надграден дизајн кој ќе ја потенцира ефикасноста на Wagoneer S.

Наскоро очекуваме повеќе детали!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.