Тјунерот понуди храбар изглед за иконскиот суперавтомобил кој можеби нема да биде по сечиј вкус – но во нашите очи изгледа спектакуларно!
Минатата година јапонскиот тјунер Liberty Walk направи широка верзија на Ferrari F40 која беше причината за вжештени дебати на целиот интернет. Сега, компанијата повторно го прави истото со уште една икона од 80-тите – Lamborghini Countach.
Ажурираниот преден дел додава истакнат сплитер и браник во кој се инкорпорирани три отвори, а страните сега имаат пошироки долни прагови кои се движат помеѓу проширените браници. Тјунерот го замени фабричкото задно крило со уште поголемо, кое е прицврстено под задниот браник.
Задниот дел добива светла монтирани на рамна површина, наместо вметнати светилки како кај сериската верзија. Масивниот дифузор под четирите издуви ја дополнува спортската естетика, a изборот на тркала го добија црните Rohana со краци во форма на Y.
Иако Liberty Walk не наведува цени за овие делови, компанијата е подготвена да направи повеќе од овие комплети за каросеријата на сопствениците на легендарниот Countach кои сакаат малку поразличен изглед.