Manhart MH5 900 е тјуниран BMW M5 со 915 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Manhart MH5 900 е тјуниран BMW M5 со 915 коњски сили!

Ова е најмоќна изработка од страна на германскиот тјунер за серијата 5 и истата се нуди во ограничено производство од само пет примероци.

4,4-литарскиот V8 доби нови турбополначи, карбонски довод на воздух, Wagner Tuning интеркулер и Carillo клипови. Новиот хардвер во комбинација со модифицираниот компјутерски модул резултираше со моќни 915 коњски сили и вртежен момент до 1240 Nm, со што автомобилот навлезе во територијата на хиперавтомобилите.

Од надворешноста додатоците ги вклучуваат поголемиот преден сплитер, новата решетка и новата карбонската хауба. На профилот доминираат 21-инчните бандажи Concave One кои се обложени во сатенска црна боја со бакарни акценти. Задниот дел е највпечатлив поради дводелниот спојлер на покривот, поголемиот дифузер и четирите издувни цевки во мат црна завршница.

Покривот од внатрешната страна е акцентиран со LED диоди кои даваат ефект на ноќно небо, слично како кај моделите на Rolls-Royce. Карбонските обвивки на седиштата, дополнителниот дисплеј на контролната табла и помеките патосници ги комплетираат внатрешните модификации. Се разбира, секој од петте примероци на MH5 900 ќе изгледа различно, врз основа на преференциите на нивните соодветни сопственици.

Manhart не ги објави цените за MH5 900, но со оглед на ограничената достапност, перформансите и визуелните модификации, многу веројатно е дека ќе биде еден од најскапите од ваков вид.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!