Xiaomi го претстави својот прв автомобил, спортскиот седан SU7 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Xiaomi го претстави својот прв автомобил, спортскиот седан SU7

Првенецот на Xiaomi забрзува до 100 км/ч за помалку од три секунди, а со едно полнење ќе може да извози до 800 км!

Целосно електричниот спортски седан директно ќе им конкурира на Porsche Taycan и Tesla Model S. Тој има архитектура од 800 волти, забрзува до 100 км/ч за 2,78 секунди и може да се пофали со возечки опсег до 800 км благодарение на батеријата со моќност од 101 kWh.

Почетниот SU7 користи електричен мотор кој ги придвижува задните тркала и произведува солидни 295 коњски сили со вртежен момент до 400 Nm. Врвниот SU7 Max со двоен мотор има погон на сите тркала, вкупна моќност од 663 коњски сили и вртежен момент до 838 Nm.

Од Xiaomi велат дека кога SU7 е приклучен на полнач со максимална моќност, возачите можат да додадат 220 км со полнење од само пет минути, односно 510 км за полнење од 15 минути. Сепак, вреди да се напомене дека бројките за опсегот се од кинескиот тест циклус CLTC, а не од WLTP системот што се користи во Европа.

SU7 располага со високо развиена технолошка кабина која вклучува централен екран на допир од 16,1 инчи во кој е интегриран сопствениот HyperOS инфозабавен систем. Автомобилот нуди 517 литри простор во багажникот, како и дополнителни 105 литри простор под хаубата, бројки кои го прават лидер во класата.

Продажбата на Xiaomi SU7 се очекува да стартува во текот на 2024, но моментално не е јасно дали и кога автомобилот ќе биде достапен во Европа.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!