Европскиот Jeep Compass добива пософистицирана автономна технологија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Европскиот Jeep Compass добива пософистицирана автономна технологија

Ажурираниот систем за автономно возење на второ ниво ќе функционира на сите видови патишта

Втората генерација на Compass се произведува од 2016 година, а Jeep продолжува со ажурирањето на истата. Следната година, европскиот Compass ќе добие нов сет на напредни системи за помош на возачот (ADAS), кои ќе ги прошират неговите можности за полуавтономно возење. Теренецот ќе се нуди исклучиво со електрифицирани погонски единици, вклучувајќи го e-Hybrid и помоќниот 4Xe PHEV.

Моделот нема да претрпи стилски промени, задржувајќи го изгледот на фејслифтираниот модел од 2021 година. И внатрешноста останува непроменета, со 10,25-инчна инструмнт дигитална табла и 10,1-инчен инфозабавен екран на допир. Она што е ново за 2024 година е подобрениот пакет ADAS, при што способноста за автономно возење на ниво 2 сега е достапна на сите видови патишта (наместо претходниот систем кој беше ограничен само на автопат). Jeep исто така додаде и нови комплети гуми за подобрена ефикасност.

Compass сега нуди повеќе од 80 безбедносни карактеристики, меѓу кои се: детекција на поспаност на возачот, предупредување за преден судир со активно сопирање, автоматско сопирање за итни случаи за пешаци и велосипедисти и активно управување во сообраќајна лента. Опременоста е поедноставена и сега вклучува четири нивоа – Altitude, Summit, Overland и Trailhawk. Вториот го задржува својот надворешен изглед фокусиран на теренот, притоа додавајќи повеќе стандардна опрема.

Jeep Compass за 2024 година е достапен со два електрифицирани погонски единици. Почетното ниво Compass e-Hybrid има турбо полнач од 1,5-литарски бензински мотор со 130 коњски сили, електричен мотор со дополнителни 20 коњски сили, батериски пакет од 48 V и седумстепен автоматски менувач со двојна спојка, кој ја испраќа моќноста на предната оска. Водечкиот Compass 4Xe располага со помоќен plug-in хибриден систем кој е достапен во два излезни моќности – со 187 и 237 коњски сили. И двата го карактеризираат електрифицираниот систем 4×4 и режимите Selec-Terrain за возење по различни видови терени.

Поврзано:  Avenger 4xe The North Face e најновото специјално издание на Jeep

Тековната генерација на Jeep Compass се произведува во Индија, Бразил, Мексико и Италија, a е достапна во над 100 земји низ светот. Веќе е потврдено дека целосно новата трета генерација ќе влезе во производство во 2025 година во фабриката Мелфи во Италија и ќе ја користи STLA Medium архитектурата, нудејќи целосно електричен и хибриден погонски агрегат.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!