Создаден да го замени моделот GT кој е во заминување, овој нов GTS тежи помалку и има поголема моќност.
Моделот GT беше можеби најлесниот автомобил за секојдневно користење во асортиманот на McLaren. Новиот GTS има за цел да долови малку повеќе агресивност и перформанси без да ја изгуби својата практичност.
Тој добива 4-литарски V8 со двоен турбо полнач кој произведува 626 коњски сили (14 повеќе од GT) и тежи 1519 кг односно околу 10 кг помалку од GT. Забрзувањето до 200 км/ч трае 8,9 секунди, а максималната брзина изнесува 327 км/ч.
GTS има карбонската шасија која доаѓа со интелигентна адаптивна суспензија и опционален систем за подигање на предната оска. Времето потребно за целосно подигање или спуштање на предницата е побрзо од претходно и сега трае само 4 секунди.
„Новиот McLaren GTS нуди неспоредлив спој на возна динамика и перформанси со префинетост и практичност. Кога сакате вистинско искуство во возењето суперавтомобил, GTS го обезбедува тоа, кога сакате да се опуштите на подолго патување со багаж за викенд, GTS е идеален придружник“ – изјави Мајкл Лејтерс, извршен директор на Мекларен Аутомотив
Иако цените не се јавно објавени, McLaren GTS е веќе достапен за нарачка, а испораките ќе бидат во текот на наредната година.