ВЕЧЕРНО КИНО: Формула 1 тимот на Red Bull изведе пит стоп во целосна темница! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ВЕЧЕРНО КИНО: Формула 1 тимот на Red Bull изведе пит стоп во целосна темница!

Тимовите во Формула 1 тренират пит-стопови толку многу што се чини дека треба да можат да го прават тоа со затворени очи.

Формула 1 е многу сериозен спорт – но кога е во прашање тимот на Red Bull, секогаш има простор за забава. Последниот пример за тоа е нивниот неодамнешeн обид да направат пит-стоп во целосна темница. Бидејќи секоја милисекунда е важна, тимовите прават сè што можат за да го минимизираат своето време во боксот. Затоа секоја промена на тркалото бара прецизност, вежбање и мускулна меморија од луѓето вклучени во неа.

Тоа неминовно води до прашањето: дали би можеле да го направат тоа со затворени очи? За да дознае, Red Bull ги измери перформансите на своите механичари со сите изгаснати светла, а при тоа направи и видео снимка.

Уште од првиот обид им требаа помалку од 10 секунди за да ги сменат сите четири тркала. Но тоа не беше доволно добро за типот на конкурентни луѓе кои се приклучуваат на F1 тим како Red Bull. Затоа решија да се обидат повторно и да се доближат до времето што обично го постигнуваат на официјалните трки.

Тимот продолжи да тренира и на крајот успеа да постигне време од 2,84 секунди. Иако тоа би се сметало за неоптимално за време на трката, истото е далеку од лошо. Покрај тоа, тоа е само 1,4 секунди побавно од најбрзиот пит стоп досега, поставен од McLaren во Катар оваа година.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!