Македонскиот автомобилски ас кој доминираше на овогодинешниот FIA шампионат на ридски патеки пред македонската јавност го претстави новиот „службен“ автомобил – Ferrari 488 Challenge Evo!
Откако доминираше на овогодинешниот FIA шампионат на ридски патеки, Игор Стефановски – Иџе прави огромен чекор нанапред во својата тркачка кариера и со прикажувањето на новиот тркачки автомобил ги најави амбициите за иднината.
А автомобилот е навистина сериозен – Ferrari 488 Challenge Evo е специјален тркачки автомобил развиен токму од Ferrari и наменет за врвните светски автомобилски натпреварувања.
Придвижуван од моќен 3.9-литарски турбо V8, 488 Challenge Evo располага со безмалку 700 коњски сили, како и околу 800 Nm вртежен момент и ветува врвни перформанси. Иџе ја искористи можноста да им се заблагодари на верните фанови и на публиката, како и на сите спонзори кои гордо стојат позади него во неговата кариера.
Инаку, според официјалните информации од Ferrari, 488 Challenge Evo забрзува до 100 километри на час за помалку од 3 секунди и достигнува максимална брзина која комфорно надминува 300 километри на час.
Му честитаме на Иџе за новиот тркачки автомобил и му посакуваме многу успех во сезоната која доаѓа! Само напред Иџе!