Благодарение на 816 коњски сили, најмоќниот Mercedes-AMG SL во историјата е новиот SL 63 S E Performance – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Благодарение на 816 коњски сили, најмоќниот Mercedes-AMG SL во историјата е новиот SL 63 S E Performance

Mercedes-AMG SL63 S E Performance забрзува до 100км/ч  за 2,9 секунди и достигнува максимална брзина од 317 километри на час, притоа користејќи хибриден V8 со 816 коњски сили!

SL63 S E Performance ги спојува 4-литарскиот V8 мотор со двоен турбо полнач и електричниот погон на AMG. Комбинирано, тие му овозможуваат на автомобилот да испорача 816 коњски сили и вртежен момент од 1420 Nm. Mатематиката е следна: 612 коњски произведува V8 моторот и неговите два турбополначи, а 204 коњски сили доаѓаат од електромоторот, со кој патем е овозможено самостојно возење од 13 километри.

Moделот доаѓа со систем за активно управување на задната оска, Performance 4Matic+ погон на сите тркала, Active Ride Control суспензија, регенеративен систем за сопирање и опција за возење со една педала. Моќта на запирање ја овозможуваат керамичките сопирачки со бронзени клешти, со дијаметар од 420 mm напред и 380 mm назад. Тие се кријат зад 20-инчните AMG тркала од лесно легура кои сe со различна ширина (9,5 инчи напред и 11 инчи назад).

SL63 E Performance може да се препознае преку вратичката за полнење со струја на задниот браник, како и со името на моделот со црвени бројки и букви, значките E Performance на браникот и трапезоиднините двојни издувни цевки.

Во внатрешноста, електрифицираниот SL има спортски AMG седишта, еднобојна или двобојна Nappa кожа и хибриден инфо дисплеј на инфозабавниот систем MBUX.

Се очекува погонскиот агрегат од E Performance наскоро да биде достапен и во новиот GT, придружувајќи се на шестцилиндричниот CLE 53 во хибридната палета со високи перформанси на AMG.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!