Утринска гимнастика: Тркачкиот тим ABT DTM го доведе Audi R8 до лимитот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска гимнастика: Тркачкиот тим ABT DTM го доведе Audi R8 до лимитот!

Иако суперавтомобилот на Audi престана со сериско производство, неговата приказната сè уште не е завршена. 

ABT XGT е чудовиште за уличните патеки, заснованo на тркачкиот Audi R8 LMS GT2, со ограничено производство од 99 единици и цена од 600 илјади евра.

Надворешноста на XGT е идентична со онаа на тркачкиот автомобил. Има значителен број на аеродинамичен редизајн од патниот R8 со додавање на преден сплитер, странични екстензии, голем дифузер и се разбира, масивно задно крило.

Она што ќе го најдете во внатрешноста на R8 ABT XGT се удобности и функции што ќе го направат суперавтомобилот легален и лесен за „секојдневно“ користење. На списокот се најдоа клима уредот, централната брава, па дури и камерата за возење наназад.

XGT е 170 килограми полесен од стандардниот R8 со погон на задните тркала а во комбинација со намалувањето на тежината, зголемена е и моќта од 615 на 640 коњски сили. Таа се испраќа преку седумстепен автоматски менувач до задните тркала, а двојната прилагодлива суспензија со модифицирани пружини им овозможува на сопствениците да го прилагодат поставувањето врз основа на специфичните барања на секоја патека.

ABT вели дека двегодишниот процес на развој на суперавтомобилот вклучувал обемни тестови на патиштата, но и стотици извозени кругови околу Нирбургринг, Заксенринг и Хокенхајмринг.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!