ПРЕМИЕРА: Новиот MINI Countryman JCW има 300 коњски сили и погон на четири тркала – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новиот MINI Countryman JCW има 300 коњски сили и погон на четири тркала

MINI го оживеа Countryman во 2010 година, а за третата генерација ја враќа и спортската ознака John Cooper Works. Како и претходните модели, се одликува со надградени перформанси и козметички измени внатре и надвор.

Новиот MINI ја дели платформата UKL2 со актуелниот BMW X1, a добитната формула останува иста како и со претходниот автомобил: турбо бензинскиот мотор со четири цилиндри ја испраќа моќноста до системот ALL4 за погон на сите четири тркала.

Countryman JCW е поблиску до подлогата за 16 mm во однос на стандардниот модел а моќноста се зголемува на 300 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm. Перформансите на моторот и седумстепениот автоматски менувач се доволни да го забрзаат автомобилот до 100 км/ч за 5.4 секунди, односно истиот да ја достигне максималната брзина од 250 км/ч.

Визуелните промени се во новиот дизајн на решетката во предницата која сега е обложена во сјајна црна боја, контрастниот покрив и новите линии на хаубата. Моделот стандардно доаѓа со 19-инчи тркала, а како опција се достапни и поголемите 20-инчи. Од позади доминира издувниот систем со четири цевки, завршен во сјајно црна боја.

Внатрешноста исто така покажува неколку знаци на понудените дополнителни перформанси. Спортските седишта се обложени во црна боја, со црвени шевови и JCW амблеми. Countryman JCW добива централен екран на допир од 9,4 инчи, надграден звучен систем, адаптивна контрола на возење и нов сет на режими на возење вклучувајќи го спортскиот „GO-KART“.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!