Toyota започна со производство на целосно новиот C-HR – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota започна со производство на целосно новиот C-HR

Во фабриката на Tојота во Сакарија, Турција започна производството на целосно новиот C-HR. Во истата фабрика за прв пат во Европа ќе се склопуваат и батерии за plug-in возила.

Моделот оригинално на пазарот се појави во 2016 година како дизајнерски спој од спортско купе и компактен СУВ. Новиот C-HR го заострува смелиот дизајн на претходникот и притоа внесува дополнителен спортки шмек во сегментот.

Целосно новата Toyota C-HR доаѓа со четири погонски единици: 1.8 и 2-литарски хибридни модели, 2-литарски хибрид со интелигентен погон на сите тркала и 2-литарски Plug-in хибрид. Со истите се зголемува понудата на мотори кои ги задоволуваат строгите европски норми за намалување на штетните јаглеродни емисии.

Тојота инвестираше 308 милиони евра за модернизирање на производните линии а вкупната инвестиција во фабриката во Сакарија сега достигна 2,5 милијарди евра. Покрај Corolla Sedan и целосно новата Toyota C-HR, за прв пат во Европа ќе се склопуваат и plug-in батерии. Новата линија има производствен капацитет од 75.000 батерии на годишно ниво.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!