Škoda се подготвува да го претстави новиот Superb – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda се подготвува да го претстави новиот Superb

На само три дена пред официјалната премиера чешкиот бренд го објави последниот тизер за големиот Superb, но ги објави и официјалните скици од големиот седан.

Светската премиера е закажана за 2-ри Ноември, а Škoda денес ни го покажа последниот тизер пред официјалното деби на Superb. Преку тизерот, Škoda ги открива пропорциите на Superb, но и новите LED Matrix предни светла и LED задни светла со кристални елементи.

Истовремено, Škoda ги објави и официјалните скици од дизајнот на екстериерот на Superb – и тоа и во конвенционална изведба и во караванска форма. Со новиот Superb, Škoda во ниска и динамична силуета го пресликува Modern Solid дизајнерскиот јазик и најавува дека ќе постави нови стандарди во сегментот во кој се натпреварува Superb.

Останува да имаме уште само малку трпение – во четврток ќе го видиме новиот Superb!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.