Jean-Philippe Imparato кој е на чело на Alfa Romeo смета дека секој модел може да биде профитабилен и во изјава за Autocar не ја негираше можноста италијанскиот бренд повторно да се врати во овој многу важен сегмент.
Alfa Romeo неодамна ја „пензионираше“ Giulietta и одличниот Tonale е нејзин не-баш-толку-директен наследник. Сепак, главниот извршен директор на Alfa Romeo – Jean-Philippe Imparato – навести дека оваа празнина во понудата на италијанскиот бренд можеби ќе биде пополнета.
Во дискусија со Autocar, Imparato изјави дека „не верувам дека нема бидеме профитабили, дури и со хечбек“ – и со тоа навести директна можност Alfa Romeo да се врати во овој сегмент. За жал, тој не откри повеќе, но дури и ваквото навестување кажува дека наследник на Giulietta е можеби во некаква фаза на развој.
Со оглед на насоката во која се движат Alfa Romeo и автомобилската индустрија во целост, не би биле изненадени доколку наследникот на Giulietta е во форма на целосно-електричен премиум спортски хечбек, најверојатно поставен на STLA Medium платформата на Stellantis која дозволува и вградување на електрифицирани мотори со внатрешно согорување. Во моментов понудата на Alfa Romeo ја сочинуваат одличната Giulia, како и трендовските SUV модели Stelvio и Tonale – па еден спортски хечбек одлично би се вклопил во приказната, нели?