Објавени финалистите за AUTOBEST 2024! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Објавени финалистите за AUTOBEST 2024!

Организацијата AUTOBEST ги објави финалистите кои ќе се борат за титулата Best Buy Car of Europe за 2024!

BYD Dolphin, Fiat 600e, Hyundai Kona и Jeep Avenger се четирите финалисти кои ќе се борат за титулата AUTOBEST Best Buy Car of Europe за 2024. Жирито кое го сочинуваат 31 членови од исто толку земји ќе ги анализира и тестира финалистите во следните неколку седмици, а победникот ќе биде објавен кон средината на Декември. Финалните тестирања ќе се одвиваат во Teesdorf, Австрија на 21-ви и 22-ри Ноември на полигонот Fahrtechnik.

Интересно е да се напомене дека од сите финалисти, BYD Dolphin е единствениот модел кој се нуди исклучиво како електричен автомобил, додека Fiat 600e, Hyundai Kona и Jeep Avenger имаат изведби и со мотори со внатрешно согорување кои се достапни на одредени пазари.

Новата Kona веќе пристигна во Македонија, додека Jeep Avenger и Fiat 600e ги очекуваме наскоро. BYD сега за сега не се продава на нашиот пазар.

Со објавувањето на финалистите, AUTOBEST организацијата ги објави првите награди за 2024. Добитник на признанието COMPANYBEST е Porsche, додека Denis Le Vot, извршниот директор на Dacia е најновиот член на MANBEST Hall of Fame. Најновиот член на DESIGNBEST Hall of Fame е Gilles Vidal кој сега е на чело на дизајнерската дивизија во Renault Group.

Извор: Autobest

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.