Во салонот Hyundai во рамките на Гранд Ауто пристигна новата Kona.
Новиот кросовер на Hyundai веќе пристигна во Македонија! Новата Kona може да се добие со конвенционални мотори со внатрешно согорување, но и со моќен хибриден погон, а ќе биде понудена и целосно-електрична верзија. Kona добива храбар и наметлив нов дизајн, со комплексен и футуристички преден дел со светлосен елемент кој Hyundai го нарекува Seamless Horizon Lamp.
Кабината на новата Kona влече дизајнерски насоки директно од електричниот Ioniq 5 и добива дигитални инструменти и нов инфозабавен систем. Уште кога за прв пат ни ја покажаа Kona, од Hyundai напоменува дека целта била во кабината да се ослободи што е можно повеќе простор, па затоа и менувачот е посавен на управувачкиот столб. Во кабината преовладува чувство на светлина и опуштеност – како што и прилега на еден современ и технолошки-напреден SUV.
На нашиот пазар во моментов Kona може да се добие со 1-литарски T-GDI со 120 коњски сили или пак со 1.6-литарски T-GDI со 198 коњски сили, како и во хибридна изведба со 141 коњска сила. Основниот бензинец може да се добие само со погон на предните тркала и да се комбинира со 6-степен мануелен или 7-степен DCT автоматски менувач со двојна спојка.
Помоќниот бензинец доаѓа само со автоматски менувач а може да се добие со погон на предните или на сите четири тркала. Хибридната Kona е со погон на предните тркала и 6-степен автоматски менувач со двојна спојка.
Цените започнуваат од 29.900 Евра за Kona 1.0 T-GDI во Style ниво на опрема со 6-степен мануелен менувач.