Порше Македонија го организираше најголемото тест-возење на електрични возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Порше Македонија го организираше најголемото тест-возење на електрични возила

Насловено како Електрично Тест Возење на Volkswagen ID, викендов во рамките на Порше Македонија се одржа досега најголемиот тест-драјв ден на електрични возила во Македонија.

Посетителите кои ги препознаваат квалитетите на електричните автомбили и вљубениците во автомобилизмот имаа можност неколку часа да се дружат со неколкуте различни електрични модели на ID-гамата на Volkswagen. Од Порше Македонија со задоволство информираат дека беа направени преку 100 тест возења на седумте возила кои се само дел од ID-гамата – ID.3, ID.4 и спортскиот ID.4 GTX.

Настанот беше дел од интересната кампања стартувана од Volkswagen која прашува дали сакате да поминете 400 километри за само 300 денари, чија цел е да ги запознае купувачите со електричните возила и да им овозможи да поминат повеќе време со ID електричните автомобили на Volkswagen.

На настанот беа презентирани најважните особни на електричните возила, како и преглед на трошоците за возење на струја наспроти возење на конвенционални фосилни горива.

Aко го земеме сето тоа предвид, повторно се наметнува вистината дека возење електрично возило е неколкукратно поевтино во однос на возење возило со конвенционален мотор со внатрешно согорување.

Истовремено, Volkswagen го искористи настанот да го презентира и новиот ID.7 кој започнува со пред-продажба и веќе може да се нарача во Pro спецификација со автономија до максимални 621 километар според WLTP. Напоменуваат дека ID.7 е удобен и високо-технолошки автомобил со многу опрема и врвни современи технологии. Повеќе за ID.7 можете да дознаете од нашата објава, но и на официјалната веб-страница.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.