Побарувачката за електрични возила расте – а доказ за тоа е фактот дека петти пат годинава Tesla Model Y е најпродавано возило во месецот, но и фактот дека 21% од продадените нови автомобили во Август биле електрични.
Според првичните резултати кои пристигнаа од Dataforce, Tesla успеа да продаде 19.725 примероци од Model Y ширум Европа во текот на месец Август – импресивно зголемување од дури 189% во однос на 6.817 примероци продадени во Август минатата година. Интересно, ако ги земеме осумте изминати месец од 2023, Tesla Model Y е најпродаван автомобил во Европа со вкупно 151.191 продадени возила, мааааалку повеќе од одличното Dacia Sandero кое се продаде во 148.080 примероци, додека на третото место е Volkswagen T-Roc со 138.302 продадени возила.
Пазарот на нови возила во Европа зема замав и многу модели забележуваат зголемување на продажбата. За пример ќе го земеме Renault Clio чија продажба е зголемена за одлични 57.7% во однос на минатата година. Порасната е и побарувачката за Volkswagen Tiguan и ID.4, за 33.6% односно 82.7%. Малиот електричен Dacia Jogger е продаден во 55.038 примероци, односно дури 79.6% повеќе во однос на минатата година!