Обединетото Кралство ја одложува забраната за продажба на возила со мотори со внатрешно согорување до 2035 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Обединетото Кралство ја одложува забраната за продажба на возила со мотори со внатрешно согорување до 2035

Премиерот на Обединтото Кралство, Риши Сунак објави дека се менува стратегијата за целосна транзиција кон електрични возила и ја одложи забраната за продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување за 5 години – односно до 2035.

Во 2020, тогашниот премиер на Обединетото Кралство – Борис Џонсон – објави дека продажбата на нови возила со мотори со внатрешно согорување ќе биде забранета во 2030 и дека хибридните модели ќе смеат да се продаваат до 2035. На вчерашна прес-конференција, сегашниот премиер Риши Сунак објави дека планот се менува и дека роковите се продолжуваат за пет години.

Риши Сунак ја цитира потребата да се задржи флексибилноста за купувачите. Новата политика е во линија со стратегиите на повеќето други европски земји, меѓу кои Франција, Италија и Шпанија.

„Недвосмислено кажувам дека ќе ги исполниме нашите меѓународно договори, меѓу кои и важните ветувања дадени во Париз и Глазгов за да го ограничиме глобалното затоплување на 1.5 степени“ – кажа тој и додаде – „За да си дадеме повеќе време да се подготвиме, најавувам денес дека ќе ја олесниме транзицијата кон електрични возила. Ќе можете да купите нови бензински и дизел возила сè до 2035, а дури и по тој рок ќе можете да ги купувате и да ги продавате на пазарот за половни возила.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.