Бидете горди, испишавме нова историја! Иџе е трикратен европски шампион! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Бидете горди, испишавме нова историја! Иџе е трикратен европски шампион!

Откако ги освои титулите во 2014 и 2015, Игор Стефановски Иџе повторно се закити со титулата Европски Шампион!

Со победа на седум од вкупно десет трки годинава, Иџе едноставно доминираше на овогодинешниот шампионат и во Бузет ја потврди третата шампионска титула. Сезоната беше набиена, со многу настани и многу возење, но Иџе неуморно се бореше на секоја трка и нè направи сите нас горд! Тој титулата ја посвети на Македонија и македонските фанови кои верно го следат на секој настан. На трката во Бузет во организација на нашите пријатели од Мотоцентар отидоа и 50-тина фанови и навивачи кои го бодреа Иџе кон уште една шампионска титула!

Иџе и неговиот Hyundai i30 N TCR имаа одлична сезона, која на самиот крај беше крунисана со третата титула за Иџе. „Tрократен Европски Шампион 🏆🏆🏆за мојата Македонија 🇲🇰,за мојот народ❤️2014/2015/2023 Бидете горди,испишавме нова историја!!!“ – објави Иџе!

Браво Иџе, сите се гордееме со твоите успеси!

Фотографии: Facebook / Igor Idze Stefanovski



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.