ПРЕМИЕРА: Citroën C5 X Hypnos – Покана за елегантно и супер-комфорно патување – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Citroën C5 X Hypnos – Покана за елегантно и супер-комфорно патување

Hypnos е грчкиот бог на спиењето a Citroën C5 X Hypnos ветува патување во максимална елеганција и врвен комфор – како што и очекуваме од францускиот бренд.

Citroën C5 X Hypnos е базиран на врвната изведба на плаг-ин хибридниот C5 X. Екстериерот добива нова, длабока сина боја која се вика Eclipse Blue и која ги менува своите нијанси во зависност од светлината. Eclipse Blue се комбинира со Infrared детали на страничните декоративни елементи и на C5 X значката на петтата врата. Сликата за врвниот C5 X се заокружува со големите 19-инчни тркала во Onyx Black црна боја, како и темниот кров.

Вистинската магија се случува во кабината каде добиваме светла перфорирана кожа на повеќето од ентериерот, додека горните делови од седиштата се обвиени во сива Алкантара со Infrared црвени Hypnos ознаки.

Кожата и алкантарата се комбинирани со Karuunfaux дрвени детали на централната конзола и на вратите, како и специјален финиш на централната конзола која добива бронзени детали. Секако, Citroen Advanced Comfort седиштата се со загревање и вентилација, како и систем за масажа. Кабината добива и стаклен панорамски кров, како и врвен хај-фај аудио уред.

Специјалниот C5 X Hypnos е достапен само со 225-коњскиот плаг-ин хибриден погон кој комбинира 1.6-литарски турбо-бензинец и електромотор за вкупно 225 коњски сили. Силата се пренесува кон предните тркала преку 8-брзински ë-EAT8 автоматски менувач, додека батеријата со капацитет од 12.4 kWh овозможува да поминете до 50-тина километри на електричен погон – како што и му прилега на еден автомобил каде комфорот го има главниот збор. Ние веќе го возевме C5 X – нашиот тест можете да го погледнете тука.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Citroen целосно го откри новиот C3 Aircross

Од Citroën кажуваат дека поентата на C5 X Hypnos не е да ве успие, туку дека возењето е „вистинска покана да се опуштите и да уживате, додека истовремено сте целосно свесни за вашето опкружување“. C5 X Hypnos е веќе достапен за нарачки а првите примероци ќе бидат испорачани на почетокот на следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.