Toyota ја стартува Open Labs програмата и со своето огромно искуство ќе поддржи иновативни старт-ап компании – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota ја стартува Open Labs програмата и со своето огромно искуство ќе поддржи иновативни старт-ап компании

Со стартувањето на Open Labs, Toyota поставува нова платформа чија намена е да ги поддржи стартап-компаниите и нивните амбиции за раст и придонес кон заедничка, одржлива иднина и ги повикува сите вакви компании кои се подогтвени да ги комерцијализираат своите идеи во сферите на енергетиката, циркуларната економија, јаглеродната неутралност, итн.

Официјално, денес Toyota Motor Europe ја лансираше Toyota Open Labs – нова отворена иновациска платформа која ги обединува стартапите со деловните единици низ екосистемот на Toyota за да овозможи раст на иновациите и воведување на пазарот во следната фаза на мобилност.

Всушност, оваа програма ќе ја поттикне трансформацијата на Toyota во компанија за мобилност со продлабочување на нејзината експертиза во областа на енергетиката, циркуларната економија, јаглеродно-неутралните технологии, паметните заедници и иницијативите за мобилност за сите.

Со отворањето на Open Labs, Toyota прави отворен повик до сите стартап-компании кои работат во следните пет клучни категории:

  • Енергетика: Технологии и системи за олеснување на енергетската транзиција, економија на водород, балансирање на мрежи, управување со енергија, паметно полнење и пренос на енергија од возило во мрежа
  • Циркуларна економија: Технологии и системи кои овозможуваат обновување, рециклирање и повторна употреба на возила и батерии
  • Јаглеродна неутралност: технологии и системи кои им помагаат на компаниите и општеството да ги намалат емисиите на јаглерод и дигитализацијата за да се овозможи транспарентна проценка на животниот циклус
  • Паметни заедници: нови деловни модели и решенија за развој и поддршка на паметни заедници преку споделување возила, претплати и центри за мобилност
  • Мобилност за сите: решенија со фер вредност за надминување на бариерите за мобилност, зајакнување на системите за мобилност и мобилизирање на ниско-јаглеродните заедници, адресирање на потребите на општеството кое старее и осмислување универзални дизајни за сите корисници
Поврзано:  RAV-X е робусна верзија на Toyota Rav4

Јапонскиот гигант во оваа иницијатива ги вклучува и своите партнери – Toyota Tsusho Europe, компанијата за тргување и синџири на снабдување на Toyota групацијата, KINTO Europe, брендот за мобилност на Toyota групацијата, Woven Capital, инвестициски venture фонд на Toyota во фаза на раст и Toyota Mobility Foundation, непрофитна фондација на Toyota.

Стартапите избрани за време на отворениот повик ќе имаат можност да се вклучат во разновидна мрежа на советници и ментори, да разгледаат нови можности за раст, да ја подобрат својата деловна стратегија и можности за инвестирање, информирано да ги подобрат производите и да градат односи за да помогнат во стекнувањето глобално влијание. Учесниците ќе имаат можност да развијат т.н. Proof of Concept со Toyota, да истражуваат можности и правци за излез на пазарот и да се здружат со екосистемот на Toyota. Секој учесник ќе добие поддршка за развој и можност да ја прикаже својата технологија на Демо Ден за време на Параолимписките игри во Париз 2024 година.

Ние ќе додадеме дека токму ваквите иницијативи кои вклучуваат директна технолошка поддршка од гиганти како Toyota се одлична шанса за забрзани истражување и развој, како и можност за лансирање на нови технологии и решенија кои можат да направат вистинска промена во секојдневниот живот. Токму затоа ги охрабруваме сите кои имаат некаква идеја или веќе работат на некаков проект да ја посетат официјалната веб-страница на Toyota Open Labs и да аплицираат на програмата!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.