Тркачкиот тим Bulldog Racing стигна на второто место на 24 Часа Nurburgring во својата класа и во таа чест Mini го лансира JCW Bulldog Racing Edition – темелно надградена верзија на веќе спортскиот Mini JCW!
Што сè добива Mini JCW Bulldog Racing Edition? Измените започнуваат со прилагодлива суспензија благодарение на KW V3 амортизери, а продолжуваат со лесни OZ HyperGT алуминиумски фелни обвиени во Pirelli P Zero пневматици во димензија 205/45/R17. Во насока на олеснување е и отстранувањето на задните седишта, а тука се и специјалните декоративни елементи и значки кои ја нагласуваат врската меѓу MINI и Bulldog Racing.
Моторот останува неизменет – но да бидеме искрени, некои екстензивни модификации не му се ни потребни. Под поклопецот и понатаму се наоѓа 2-литарскиот турбо-бензинец кој кон предните тркала преку 6-степен мануелен менувач испорачува 231 коњска сила и одлични 320 Nm врежен момент.
„За да задоволиме што е можно повеќе индивидуални желби, секој автомобил се изработува по желбите на купувачот – и затоа е уникатен. Нашиот специјален модел покажува какви модификации можат да бидат направени, но истата услуга ја нудиме и на сопственици на постари примероци на Mini, но од тековната генерација од 2014 па понатаму.“ – изјави Alexander Schabbach, директорот на Bulldog Racing. Што значи тоа? Тоа значи дека деловите се достапни и за постоечки автомобили и можете и самите да ги додадете на вашиот автомобил – деловите можете да ги набавите преку дилерите на Mini или пак да го однесете вашиот автомобил во Bulldog Racing и да го добиете третманот.