500е Gelateria Edition е само концепт, но со оглед на температурите – трансформацијата е повеќе од добредојдена!
Изграден врз основа на Fiat 500e Cabrio, концептот кој се нарекува 500e Gelateria Edition ја добива сета потребна опрема за да може да биде микро-слаткарница и да нуди врвен италијански сладолед. Од Fiat гордо кажуваат дека концептот е „најмалата џелатерија во светот“ но и покрај тоа може да опслужи околу 300 клиенти на ден.
Во кабината е поставен специјален изложбен ладилник наменет за го прикаже слаткото италијанско задоволство а самиот сладолед се складира во два специјални замрзнувачи со вкупен капацитет од 30 литри. Секако – тука се и потребните алатки за сервирање – лажици, корнети и слично.
Совозачкото седиште и задната клупа се отстранети за да се обезбеди доволно простор за сето ова – но во кабината има простор и за преклопливи столчиња за муштериите да имаат каде да седнат додека уживаат во слатката закуска. Fiat подготви и нов џелато вкус а инспирацијата е топлиот пијалок Bicerin кој потекнува од Торино – па новиот џелато содржи кафе, чоколадо и овесно млеко.
Некој расположен за сладолед?