ПРЕМИЕРА: Rolls Royce La Rose Noire Droptail доаѓа со луксузен часовник од Audemars Piguet – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Rolls Royce La Rose Noire Droptail доаѓа со луксузен часовник од Audemars Piguet

За новиот La Rose Noire Droptail, Rolls Royce кажува дека е љубовна приказна и доаѓа со специјален уникатен часовник изработен од Audemars Piguet.

Автомобилот кој му беше предаден на сопственикот на специјален, затворен настан за време на Monterey Car Week е инспириран од розата од видот Black Baccara. Според британскиот бренд, оваа роза е симбол на врвните, прочистени искуства кои ги вреднуваат нејзините сопственици и кои се познавачи и уживатели од највисок ранг.

Секако, дури и бојата е специјална – ја нарекуваат True Love и комплексната боја ги менува нијансите во зависност од светлината. Над основниот слој боја се нанесени дури пет слоеви безбоен лак и секој слој е измешан со малку поинаква нијанса на црвена боја – што пак резултира со длабока, богата и скапоцена финална нијанса.

Декоративните елементи се покриени во Hydroshade финиш и ќе напоменеме дека овие елементи не се офарбани туку при процесот на „позлатување“ електролити од хром се воведуваат „во приказната“ и тоа резултира со темен рефлективен финален финиш. Овој финиш е користен и во кабината, каде е рачно исполиран за да се добие врвна рефлективност.

Интересно, La Rose Noire Droptail доаѓа со специјален тврд покрив кој може да се отстрани. Каде е сместен кога е отстранет? На некоја од јахтите на сопственикот, најверојатно. Овој кров му дава два засебни карактери на La Rose Noire Droptail – кога кровот е поставен, тогаш е драматично купе а кога кровот е отстранет, тогаш автомобилот станува доминантен, затегнат роудстер.

Секако, вистинската опулентност е во кабината каде доминира врвното мајсторство на експертите на Rolls Royce. Особено е импресивно „паркетарството“ – во кабината се корстени ни помалку ни повеќе туку 1603 триаголни парчиња дрво кои претставуваат апстрактна репрезентација на листови од роза. Овој супер-комплексен аранжман е асиметричен бидејќи купувачот сакал да биде автентично, природно „расфрлање“ на ливчиња од роза.

Ентериерот го краси уникатен часовник од луксузниот бренд Audemars Pigued – специјалниот 43-милиметарски Royal Oak Concept Split-Seconds Chronograph GMT Large Date е во истата бои на La Rose Noire а клиентот побарал часовникот да може да се извади од автомобилот и да се носи на рака.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.