Во салонот на Mercedes-Benz пристигнаа новите GLE и GLE Coupe – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Mercedes-Benz пристигнаа новите GLE и GLE Coupe

Во салонот на Mercedes-Benz во рамките на Мак Аутостар пристигнаа освежените GLE и GLE Coupe кои со себе носат многу технолошки новитети.

На европскиот пазар освежените GLE и GLE Coupe ќе се нудат исклучиво со електрифицирани погони – и тоа во лајт-хибридна или плаг-ин хибридна варијанта. Благите хибриди доаѓаат во форма на GLE 450 4Matic кој користи 3-литарски турбо-бензинец кој испорачува 381 коњска сила и 500 Nm вртежен момент, кој пак добива електрично „зајакнување“ од дополнителни 20 коњски сили и 200 Nm вртежен момент.

Понатаму, тука се дизелските GLE 350d и GLE 450d. Основниот дизел користи 2-литарски турбодизел кој соработува со ист ваков електромотор но комбинира 269 коњски сили и 550 со електричните 20 коњски сили и 200 Nm, додека поголемиот GLE 450d комбинира 3-литарски турбодизел кој испорачува 367 коњски сили и 750 Nm со дополнителните 20 коњски сили и 200 Nm.

Плаг-ин хибридите доаѓаат во форма на бензинскиот GLE 400e и дизелскиот GLE 350de. GLE 400е комбинира 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 252 коњски сили и 400 Nm со батерија со капацитет од 31.2 kWh и електромотор кој испорачува дополнителни 136 коњски сили и 440 Nm вртежен момент за вкупно 375 коњски сили и 600 Nm вртежен момент. Плус, оваа комбинација може да помине меѓу 92 и 105 километри на струја. Плаг-ин хибридниот турбодизел (кој патем, е вистинска реткост) комбинира 2-литарски турбодизел кој испорачува 197 коњски сили и 440 Nm вртежен момент со истиот електричен погон, за вкупно 328 коњски сили и моќни 750 Nm вртежен момент. Слично, и оваа комбинација може да помине меѓу 89 и 105 километри на струја.

Визуелните измени кај освежените GLE и GLE Coupe се дискретни – забележуваме суптилно освежен преден браник и изменета предна маска на ладилникот. Задните светла кај двата модели се освежени и имаат изменета графика со по два хоризотални светлечки елементи. Достапни се и нови бои кои Mercedes-Benz ги нарекува Twilight Blue и Alpine Grey, а достапни се и нови дизајни за 19 и 20-инчните тркала.

Поврзано:  Мак Аутостар ја зголемува понудата со подолгиот Citan Tourer Long

Кабината ја добива најновата генерација на MBUX системот на Mercedes-Benz кој според германскиот производител во неговата втора генерација е поинтелигентен од било кога. Во кабината има два 12.3-инчни екрани – едниот пред возачот, другиот на централната конзола. Секако, тука е и безжичното Apple CarPlay и Android Auto поврзување, како и гласовниот асистент на Mercedes-Benz. Од Mercedes-Benz напоменуваат дека кабината добива детали од луксузната S Class и големиот Maybach GLS – како на пример луксузниот хај-тек управувач.

Освежените GLE и GLE Coupe веќе можат да се погледнат во салонот на Mercedes-Benz во рамките на Мак Аутостар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.