Mercedes-AMG сепак нема да ги врати V8 моторите во C63 и E63 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG сепак нема да ги врати V8 моторите во C63 и E63

Неодамна осамнаа гласини дека Mercedes-AMG планира да ги врати V8 моторите во моќните C63 и Е63 – но сега пристигна неофицијална изјава дека тоа сепак нема да се случи.

Според информации до кои дојдоа колегите од Auto Motor und Sport, моќните осум-цилиндерски мотори сепак нема да се вратат во C63 и Е63. Од Auto Motor und Sport кажуваат дека „според вработен кој е запознаен со развојот на продукти“ моќниот V8 мотор нема да се врати кај C63 и Е63. Дополнително, истиот извор кажува дека ваквите гласини се „чист нон-сенс“. Тоа значи дека Mercedes-AMG C63 и понатаму ќе го користи плаг-ин хибридниот погон со четири цилиндри, но сега за сега сè уште не е познато каков погон ќе користи врвниот Mercedes-AMG E63 – да, V8 оди во пензија, но не е познато дали E63 ќе добие мотор со четири или шест цилиндри во линија.

За жал, ваквите стратегии се резултат од сè построгите еко-норми кои ги наметнуваат ЕУ-легислаторите – и тоа значи дека моќните мотори ќе мораат да бидат некако електрифицирани. M-дивизијата на BMW веќе најави дека следните M-модели ќе бидат некако електрифицирани со цел да ги исполнат еко нормите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.