Лидер во Eвропскиот сегмент на кросовери – со моќен став, аеродинамично компактна форма, моделот Qashqai e горд претставник на новата визија на брендот, а од сега и придружник на омилениот Mакедонски поп пејач и композитор Владо Јаневски.
„Мојата приказна со новиот Nissan Qashqai почна филмски, како љубов на прв поглед. Додуша еднострано, бидејки автомобилот не ме виде мене па да се вљуби, ама јас кога го видов ме обзема чувство на инстант атракција. И како во секоја љубовна приказна првичната привлечност поради модерната и префинета надворешна естетика на моделот во бисерно бела изведба со црни детали, набрзо ми се надополни со удобноста и содржините во кабината, како и перформансите во движение.
Навистина сум вљубен во мојот нов Nissan Qashqai. Задоволството стана комплетно со понудата да станам бренд амбасадор од страна на Аутомотив Груп, чест ми е да соработувам со бренд кој со децении опстојува на врвот во својата област и константно се надградува во квалитет. Однапред се радувам за секој километар поминат зад управувачот на мојот нов дом на тркала – Nissan Qashqai – добар за околината и уште подобар за мене!“ – изјави Владо Јаневски.
Најновиот Qashqai е изработен на новата платформа на Renault-Nissan-Mitsubishi која ја носи ознаката CMF-C и која ги поткрепува неговите технолошките надградби, додека пак иновативниот систем e-POWER носи електрификација на истиот. Нашиот тест на новиот Qashqai можете да го видите тука.
Tехнологијата е-POWER користи електричен мотор за задвижување на тркалата, нудејќи моментално забрзување и тивко работење во целосно-електричен режим – без ограничување на опсегот или грижа за да се пронајде полначот. За разлика од традиционалните хибридни системи, бензинскиот мотор делува како генератор наменет за полнење на литиум-јонската батерија со која се придвижува електричниот мотор.
Извор: PR Nissan