ПРЕМИЕРА: Затегнати дизајни и нови технологии – Škoda ги претстави освежените Scala и Kamiq! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Затегнати дизајни и нови технологии – Škoda ги претстави освежените Scala и Kamiq!

Со освежувањето фејслифтираните Scala и Kamiq добиваат грст практични надградби и дизајнерски измени кои го истакнуваат нивниот карактер.

Освежените Scala и Kamiq добиваат измени и надградби кои дополнително го истакнуваат нивниот карактер. Кај Scala уште повеќе е истакнат спортскиот карактер на супер-практичниот хечбек, додека Kamiq зрачи со уште поробустен SUV лик. Интересно, од Škoda кажуваат дека освежениот дизајн на Scala е инспириран директно од Vision RS концептот, додека Kamiq презема детали од поголемите Karoq и Kodiaq.

Предната маска на Scala е редизајнирана за да ги истакне вертикалните отвори и да се потенцира разликата меѓу сјајните и мат површини, додека кај Kamiq маската е посамоуверена и подостоинствена поради исправената форма и нагласените форми.

Scala и Kamiq сега стандардно ќе доаѓаат со LED предни светла, а достапни ќе бидат и супер-напредните Matrix LED предни светлосни групи. Дополнително, од Škoda кажуваат дека Scala и Kamiq влечат инспирација и од електричниот SUV Enyaq и достапни ќе бидат вкупно шест различни дизајни за ентериерите. Достапни ќе бидат три нивоа на опрема – Essence, Selection и врвното Monte Carlo кое ќе добие и црни детали на екстериерот, спортски седишта и прилагодливо амбиентално осветлување во кабината.

Со освежувањето, Scala и Kamiq ќе ги задржат докажаните TSI турбо-бензински мотори кои нудат меѓу 95 и 150 коњски сили. Главните технолошки надградби се во кабината, каде дигиталните инструменти сега ќе бидат стандардни а како опција ќе биде достапен 10.25-инчен Виртуелен Кокпит. Инфозабавниот уред стандардно е со дијагонала од 8.25 инчи, додека достапен е и поголем со дијагонала од 9.2 инчи. Од Škoda се фалат и со редизајнираните физички контроли за клима-уредот.

Поврзано:  Спортска елеганција - новиот Skoda Superb добива Sportline пакет

Секако, Scala и Kamiq ќе ги добијат сите системи за асистенција и поврзување кои се очекуваат од еден модерен, безбеден автомобил. Тука се и Simply Clever додатоците кои се карактеристични за Škoda. Некои од нив за прв пат дебитираат во сегментот, како на пример Virtual Pedal системот за отворање на петтата врата без користење на рацете.

Scala и (особено) Kamiq се навистина успешни модели за Škoda и со освежувањето, чешкиот производител ќе го одржи интересот на пазарот за нив.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.