Според официјалните податоци кои пристигнаа од Европската Асоцијација на Производители на Автомобили, побарувачката за возила со дизелски мотор продолжува да опаѓа.
Во земјите на Европската Унија, пазарниот удел на возилата со дизелски мотор минатиот месец падна на 13.4% – значителен пад во однос на истиот период минатата година кога уделот беше 17.4%. Но она што е интересно е дека за прв пат, електричните возила се продадоа повеќе од возилата со дизелски мотор – минатиот месец 15.1% од продадените возила биле целосно-електрични. Самополнечките хибриди имале пазарен удел од 24.3%, додека плаг-ин хибридните возила имале удел од 7.9 – и оваа група забележува пад во однос на истиот месец минатата година кога уделот бил 8.2%.
Секако, возилата со бензински мотори сè уште се најпродавани, со учество од 36.3% – 11 проценти повеќе во однос на Јуни 2022, односно дури 379.067 возила.
Сепак, на некои пазари се забележува раст на продажбата на дизелски возила. Во Германија продажбата на дизелски возила е зголемена за 10.3%, а сличен тренд се забележува и во некои земји во централна Европа – на пример, во Романија продажбата на возила со дизелски мотори пораснала за огромни 22.4%.
Продажбата на нови возила во Европа е зголемена за 17.9% во однос на минатата година, но сè уште е 21% пониска во однос на Јуни 2019, односно пред пандемијата. Од Асоцијацијата истакнуваат дека се надминуваат проблемите со ланецот на испорака, но дека за некои модели листите на чекање се уште се долги. Секако, мораме да го земеме предвид и енормното зголемување на цените на новите автомобили кое секако влијае на продажбата.
Насловна фотографија: Nick Night / Unsplash