Практиканти во Audi трансформираа NSU Prinz во електричен спортски автомобил со 240 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Практиканти во Audi трансформираа NSU Prinz во електричен спортски автомобил со 240 коњски сили!

Фабриката на Audi во Neckarsulm годинава полни 150 години, а пред години и години беше сопственост на NSU – па токму затоа практиканти во Audi одлучија да трансформираат класичен NSU Prinz во нешто сосем поинакво и супер-модерно.

Која е поврзаноста меѓу Audi и NSU? Пред да го смени името во Audi, компанијата се викаше Auto Union а фабриката во Neckarsulm била сопственост на NSU. Кога Volkswagen Group ја купи комапнијата NSU во 1969 ја приспои кон Audi и ја формираше компанијата Audi NSU Auto Union AG, која пак понатаму стана едноставно – Audi.

Фабриката во Neckarsulm годинава полни 150 години, а токму во таа фабрика се произведуваше NSU Prinz. Практикантите во таа чест одлучија да конвертираат класичен NSU Prinz во модерен електричен спортски автомобил. Основа за оваа трансформација е Prinz 4L произведен во 1971-вата година.

Името на моделот? EP4 – односно Electric Prinz 4. Трансформацијата започнала со отстранување на 30-коњскиот двоцилиндерски бензинец и на негово место е вграден 240-коњски електромотор кој доаѓа од Audi e-tron. Резервоарот за гориво е заменет со батерија од плаг-ин хибридниот Audi Q7 TFSI e-quattro.

Подот е заменет со модифициран под од Audi A1, од кого се позајмени и сопирачките и оските, а целата каросерија е темелно преработена и проширена за да собере соодветно-димензионирани тркала. Има и огромен заден спојлер и многу, многу други модификации. Финалниот продукт офарбан во Suzuka Grey и Brilliant Black, додека спојлерот е во Signal Yellow жолта боја. Кабината е прилично минималистичка – има едноставен дисплеј пред возачот, две Recaro Podium седишта и заштитен кафез во Signal Yellow боја.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Новиот Audi RS 3 има 400 коњски сили и достигнува скоро 300 километри на час!

Одличен роденденски подарок, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.