ПРЕМИЕРА: MG 4 XPower – 435 електрични коњски сили и спринт до „стотка“ за 3.8 секунди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: MG 4 XPower – 435 електрични коњски сили и спринт до „стотка“ за 3.8 секунди!

Врвната изведба на популарното електрично возило на MG добива два електромотори за вкупно 435 коњски сили!

MG ја воскреснува ознаката XPower која за прв пат се појави во 2001 – и тоа за да понуди врвна изведба на својот супер-популарен MG 4. Благодарение на надградениот погон кој ќе има два електромотори, MG 4 XPower ќе располага со одлични 435 коњски сили и 600 Nm вртежен момент, кои пак ќе ги пренесува кон подлогата преку сите четири тркала. Резултат на сето тоа? Спринт до 100 километри на час за само 3.8 секунди, како и максимална брзина од 200 километри на час.

Од MG кажуваат дека внимание е посветено и на управувањето, како и на сопирањето. Суспензијата е поцврста за 25%, а додадени се и нови стабилизатори. За сопирање се задолжени нови 345-милиметарски предни дискови, кои се кријат позади нови 18-инчни тркала обвиени во Bridgestone Turanza пневматици.

Интересно, MG 4 XPower ќе го користи истиот батериски модул од 62 kWh кој веќе се нуди во MG 4 – а тоа значи дека автономијата паѓа на околу 380 километри.

Кабината добива спортски седишта обвиени во Алкантара, алуминиумски педали и уште неколку спортски детали. Инфозабавниот уред добива нов приказ кој овозможува следење на времиња на тркачки патеки и G-мерач.

Дали е ова првиот вистински електричен хот хечбек?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.