Новиот концепт на Opel ќе се вика… Experimental? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот концепт на Opel ќе се вика… Experimental?

Opel го објави името на концептот кој ќе го претстави во Минхен – но дали со објавување на името, германскиот бренд суптилно ни открива повеќе за овој експериментален автомобил?

Концептот кој Opel ќе го претстави на саемот на автомобили во Минхен ќе се вика Experimental. Ова ќе биде првиот автомобил кој ќе го носи редизајнираното лого на брендот, но истовремено ќе ги имплементира и трите столбови на Opel – Detox, Modern German и Grennovation.

Извршниот директор на брендот Opel – Florian Huettl – ја искористи оваа шанса да каже дека „Името Opel Experimental јасно кажува и ја посочува нашата визија за брендот. Името покажува во која насока ќе се развива нашиот бренд во наредните години и какво влијание тој развој ќе има врз следните генерации на сите наши модели.“.

Но дали во името се крие уште една тајна? Во 1965-тата година Opel го претстави Experimental GT кој набрзо потоа се трансформираше во серискиот модел кој го носеше името Opel GT. Дали со името на новиот концепт Opel најавува иден спортски GT модел? Можеме само да погодуваме, но ако земеме предвид дека Opel неодамна ја подготви Manta Elektromod базирана на оригиналната Opel Manta (и која ние имавме можност да ја возиме во Шпанија за време на претставувањето на Astra и Grandland GSe) не би биле воопшто зачудени ако германскиот бренд повторно подготви вакво изненадување!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.