ПРЕМИЕРА: Новиот BMW X1 M35i xDrive добива моќен 4-цилиндерски турбо-бензинец со 300 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новиот BMW X1 M35i xDrive добива моќен 4-цилиндерски турбо-бензинец со 300 коњски сили!

Најмалиот член на X-гамата добива моќен 4-цилиндерски турбо-бензинец – а тоа значи одлични 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент!

Новиот X1 M35i ќе го препознаете по дискретните визуелни измени – добива нијанса поагресивен браник си поголеми отвори на воздух, M црна предна решетка со вертикални столбови, M странични ретровизоди, црн заден дифузер и четири завршетоци на издувниот систем. Во крилата се кријат големи 19-инчни тркала. По нарачка можете да добиете и 20-инчни, секако, а без разлика кои тркала ќе ги одберете, ќе дојдат обвиени во пневматици со високи перформанси.

Друг интересен новитет наоѓаме во кабината на X1 M35i – новиот OS 9 оперативен систем на BMW кој го добива и најновиот iDrive софтвер. Секако, тука се и спортските седишта и многу алкантара и кожа, како и алуминиумски детали. Тука се и неизбежните M значки, а достапни се и уште поспортски M спортски седишта.

Иако новиот BMW X1 M35i не е целосен M продукт, сепак инженерите од М дивизијата му посветиле многу внимание на компактниот SUV. 2-литарскиот 4-цилиндерски турбо-бензинец испорачува одлични 300 коњски сили (317 коњски сили во САД и на други пазари) и моќни 400 Nm вртежен момент, кои пак се пренесуваат кон xDrive погонот на сите четири тркала (кој има механички диференцијал со ограничено пролизгување) преку 7-брзински автоматски менувач.

Од BMW напоменуваат дека моторот добива доработки директно од М дивизијата – посилни компоненти, редизајниран систем за снабдување на масло, како и компоненти кои потекнуваат од моторите со 6 цилиндри.

Сето ова овозможува забрзување до 100 километри на час за само 5.4 секунди, како и максимална брзина од 250 километри на час – повеќе од импресивни перформанси за еден компактен спортски SUV.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.