Opel Rocks E-Xtreme е направен според визија на студент по дизајн – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel Rocks E-Xtreme е направен според визија на студент по дизајн

Opel го исполни ветувањето и направи вистински примерок од Rocks E-Xtreme, кој е дизајниран од младиот студент Lukas Wenzhöfer.

3D моделот на Lukas Wenzhöfer победи на #OpelDesignHack натпреварот кој го организираше германскиот производител, а наградата е токму тоа – 3D визијата на дизајнерот да биде преточена во вистински автомобил.

Според Opel, одлуката токму Rocks E-Xtreme да биде победник била едногласна, а одлучувале одбрани специјалисти. Тимот на Opel внимателно ги анализирал сите делови и компоненти од дизајнот на Lukas Wenzhöfer и многу од компонентите се направени со помош на напредно 3D-печатење.

За Rocks да биде E-Xtreme, тој добива пошироки оски и проширени крила за да може да бидат вградени тркала обвиени во теренски пневматици. Надградената суспензија овозможува поголемо растојание од подлогата, а тука е заштитниот кафез околу целиот мал автомобил. Rocks E-Xtreme добива и редизајниран преден дел кој го инкорпорира Opel Vizor дизајнеркиот елемент на брендот, а добива и редизајнирани LED предни светла. Верувале или не, задниот спојлер е од Vectra GTS V8 DTM тркачки автомобил – и изгледа фантастично!

Opel Rocks E-Xtreme е произведен во само еден примерок и нема планови за негово сериско производство, но од Opel кажуваат дека малиот електричен теренец ќе посети многу настани за што повеќе фанови да имаат можност да се запознаат со него.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.