800 примероци од Citroën My Ami Buggy предвидени за продажба преку интернет се продадоа за само 10 часа – најбрзиот купувач го купи својот мини електричен теренец за само 70 секунди!
Минатата година беа достапни само 50 примероци од супер-шармантниот мал електричен теренец, но оваа година Citroën одлучи да понуди 800 примероци за онлајн продажба кои беа достапни во Франција, Италија, Шпанија, Белгија, Португалија, Обединетото Кралство, Луксембург и Грција. Дополнително, уште 200 примероци се резервирани за продажба во салони во Турција, Мароко и француски територии ширум светот.
Сите 430 примероци кои беа резервирани за онлајн продажба во Франција се продадоа за нешто повеќе од 2 часа, а дури 300 примероци се продадени за само еден час. Сите 65 примероци резервирани за Белгија се продадоа за само 9 минути. Еден купувач во Шпанија беше супер-брз и го заврши процесот на купување за само 70 секунди!
Сето ова покажува дека електричниот Ami е вистински полн погодок на францускиот бренд, особено во оваа My Ami Buggy верзија. Всушност, My Ami Buggy беше претставен само како концепт, но по супер-позитивните реакции на јавноста Citroën одлучи да го понуди во сериско производство. Максималната брзина на електричниот My Ami Buggy е 45 километри на час, вратите се заменети со челични прегради и добива поробустни челични тркала, кровни панели и мат боја.