Porsche Македонија заедно со Porsche Club Македонија приредија прекрасна прослава по повод 75тиот роденден на култниот спортски бренд.
На прославата во главен план беа ставени речиси сите постоечки генерации на најзначаниот модел – 911. Тука гостуваа сопствениците на моделите почнувајќи од втората (930) па се до најновата (992) генерација, а беа изложени и неколку примероци кои се во исчекување на нивните нови сопственици.
Покрај тоа што оваа манифестација беше одлично место за дружба на Porсsche ентузијастите и претставниците на Porsche Македонија, истата служеше и како инспирација за уметничкото дело кое го наслика младиот уметник Давор Кешкец, а истото ќе биде објавено на аукција на следниот настан на Porsche Club Македонија. Паричните средства од аукцијата ќе бидат наменети за добротворни цели.
Навистина е прекрасно да се присуствува на вакви настани каде се собрани толку многу автомобилски ентузијасти кои поседуваат чистокрвен спортски автомобил и посакуваме истите да се случуваат што е можно почесто!
Среќен роденден Porsche!