Новиот DFSK Forthing T5 EVO пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот DFSK Forthing T5 EVO пристигна во Македонија!

Интересниот и супер-модерен SUV на кинескиот гигант пристигна во салонот на ABC Brother.

Кинескиот гигант DFSK ја продолжува својата европска експанзија, која ја засилува со новиот и супер-модерен Forthing T5 Evo. Дизајнот е исклучително европски, со комплексни форми и површини кои оддаваат чувство на скапоцен и динамичен SUV.

На предниот дел едноставно доминираат големата маска и острите дневни светла, додека профилот е флуиден и атлетски. На задниот дел вниманието оди највеќе кон светлата, агресивниот спојлер и четирите завршетоци на издувниот систем.

Во кабината забележуваме широк едноделен панел за инструментите и инфозабавниот систем. Двата екрани се со дијагонала од 10.25 инчи. Купувачите ќе добијат и кожни седишта, огромен панорамски сончев кров, LED предни и задни светла и многу, многу повеќе.  Меѓу другото, Т5 EVO е опремен со 6 воздушни перничиња (предни, странични и завеси), задна паркинг камера и задни паркинг-сензори.

Дополнително нуди безбедност со своите системи за сопирање со највисоки перформанси – ABS, EBD, ESP, EBA и TCS, TPMS мониторинг на притисокот на гумите и како и Hill Start Assist систем за движење по нагорнини и надолнини.

Задолжен за задвижување на Forthing T5 Evo е 1.5-литарски турбо-бензинец кој потекнува од Mitsubishi. Турбо-бензинецот испорачува 177 коњски сили и 260 Nm вртежен момент. Силата ја пренесува кон предните тркала преку 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка.

Цената за новиот Forthing T5 Evo е 27.490 Евра, а за повеќе информации посетете ја официјалната веб-страница на DFSK во Македонија.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.