Opel се подготвува за настап на саемот во Минхен – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel се подготвува за настап на саемот во Минхен

Според најавите, Opel ќе биде единствениот бренд на Stellantis кој ќе биде присутен на саемот во Минхен, каде ќе претстави три нови автомобили.

Opel веќе најави дека ќе претстави три нови автомобили на саемот во Михен. Веќе е потврдено дека саемска премиера ќе имаат новата Opel Astra Sports Tourer Electric (и сигурно таму ќе биде изложена и Astra Electric) како и неодамна освежената Opel Corsa, односно целосно-електричната Opel Corsa Electric.

Сега за сега не знаеме кој ќе биде третиот модел – претставник на Opel веќе изјави дека „во моментов тоа останува изненадување“. Ветуваат дека „Opel ќе направи уште една инспиративна, експресивна најава за иднината…“ Останува да почекаме…

Саемот на автомобили во Минхен го замени Франкфуртското Мотор Шоу во 2021 и полека но сигурно станува еден од најголемите автомобилски настани во Европа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.