ПРЕМИЕРА: Ford Tourneo Courier е кул миниван! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ford Tourneo Courier е кул миниван!

Новиот Tourneo Courier и неговиот електричен двојник – E-Tourneo Courier се новите фанки и супер-практични модели на Ford!

Новиот Tourneo Courier е најмалиот миниван во понудата на Ford и во позиционирањето на Синиот Овал е поставен под Connect, Custom и големиот Transit. Она што е интересно е дека новиот Tourneo Courier е базиран на платформата на Fiesta (која за жал неодамна беше пензионирана) и одличната Puma – а тоа ветува забавно управување. Секако, платформата е надградена да може да се нуди како со бензински мотори, така и со целосно-електричен погон кај E-Tourneo Courier.

Интересниот „коцкест“ дизајн на Tourneo Courier ни изгледа одлично и без воздржување ќе кажеме дека ова е најверојатно најинтересниот дизајн на Ford изминативе неколку години. Да, забележуваме детали од поголемите и поробустни модели на Ford, но Tourneo Connect има некоја своја приказна во сето тоа. Секако, ваквиот дизајн ветува и многу, многу простор во кабината, како и врвна практичност. Прикажаната Active изведба наметнува и неколку SUV-инспирирани детали – како на пример пластичните заштитни панели околу автомобилот, кровните носачи и големите тркала, а особено ни се допаѓа и двобојната комбинација.

Кабината стандардно ќе доаѓа со 8-инчен SYNC3 мултимедијален уред, додека електричниот E-Tourneo ќе добие поголем 12-инчен уред и 12-инчни дигитални инструменти пред возачот. Секако, мултимедијалниот уред поддржува освежувања преку интернет, Android Auto и Apple CarPlay поврзување и многу, многу повеќе. Од Ford кажуваат дека Tourneo Courier ќе ги добие и сите системи за асистенција во возењето и активна и пасивна безбедност.

А дека кај ваквите автомобили примарниот фокус е кон практичноста кажува и дека багажниот простор е меѓу 570 и огромни 2162 литри, а добиваме и еден куп места за одлагање ситници во кабината. Електричниот E-Tourneo Courier може да пренесе до 700 килограми товар, додека бензинскиот може да пренесе одлични 1000 килограми.

Поврзано:  Новиот Ford Mustang GT пристигна во Македонија!

Tourneo Courier ќе се нуди со 1-литарскиот EcoBoost турбо-бензинец со 125 коњски сили и ќе може да се комбинира со 6-степен мануелен или пак 7-степен автоматски менувач со двојна спојка. Следната година ќе пристигне и E-Tourneo Courier кој ќе добие електромотор со 136 коњски сили. Бензинскиот Tourneo Courier ќе пристигне оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.