Освежената A-Class пристигна во салонот на Mercedes-Benz – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежената A-Class пристигна во салонот на Mercedes-Benz

Освежувањата кои Mercedes-Benz ги направи на фејслифтираната A-Class се прилично дискретни – но германскиот луксузен хечбек веќе изгледаше одлично!

Визуелните измени се дискретни – освежената A-Class добива подигнувања на поклопецот на моторот кои имаат задача да ги потенцираат моќните и ефикасни мотори, а добива и предизајниран преден браник и нова решетка на ладилникот. Истовремено, добива и позаострени предни светла, нови дизајни на тркалата, редизајнирани задни светла со поемотивна графика и редизајниран дифузер во задниот браник.

Кабината добива надграден MBUX со подобрено препознавање на гласовни команди, како три различни прикази на дигиталните инструменти – Classic, Sport и Discreet. Кабината може да се добие со еден 7-инчен дисплеј и еден 10.25-инчен дисплеј, или пак со два 10.25-инчни дисплеи споени во еден голем панел.

Во однос на системите за асистенција, A-Class добива освежен Driver Assistance пакет со подобрен Active Steering Control, а надграден е и Parking пакетот кој сега поддржува автоматско паркирање и доаѓа со 360-степенска камера и можност за 3д-визуелизација.

Од Mercedes-Benz напоменуваат дека сега сите мотори кои се нудат кај A-Class се електрифицирани и доаѓаат со интегриран стартер-генератор кој испорачува дополнителни 13 коњски сили при тргнување – што пак овозможува пониска потрошувачка при тргнување. Во зависност од моделот кој ќе го одберете, ќе добиете 7 или 8-брзински DCT менувач со двојна спојка.

Цените започнуваат од 37.990 Евра за A 180 со 136 коњски сили. За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на Mercedes-Benz или салонот на Мак Аутостар во Скопје.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.